.

АПСОЛУТЕН ИЗНОС НА ДОЛГОТ


Проценката на растот на јавниот долг во реално време е направена на база на просечното движење на долгот од 2010 година до крајот на третиот квартал на 2016. Јавниот долг, во апсолутен износ, на крајот на 2010 година изнесувал 1.936 милијарди евра, а на крајот на септември 2016 достигнал 4.759 милијарди. Тоа значи дека пораснал за вкупно 2.8 милијарди евра. Кога тоа ќе се подели со бројот на денови во овој период (2830), се добива дека секој ден растел во просек за 1.34 милиони евра. Тоа значи дека секој час растел просечно за 56 илјади евра, односно 16 евра просечно во секоја секунда.
   Година     Јавен долг во милиони евра 
2010 1936.3
2011 2414.9
2012 2908.8
2013 3281.4
2014 3921.3
2015 4227.2
2016-кв3 4759.3
Извор: Министерство за финансии на Република Македонија.