.

ДОЛГ КАКО % ОД БДП


Проценката за растот на долгот како процент од БДП во реално време се прави така што апсолутниот износ на долгот од првиот бројач се дели со номиналниот БДП за претходните 4 квартала. Ова е вообичаениот начин за пресметка на долгот/БДП кога станува збор за квартални податоци, кој се користи и од Евростат (линк). Начинот на кој Министерството за финансии го пресметува долгот/БДП е поинаков. Тие користат нивни проценки за БДП. Заради ова, нашиот податок за долгот/БДП се разликува од оној кој го објавува Министерството за финансии. Податоците за БДП кои се користени се прикажани во табелата подолу.
 БДП, тековни цени (милиони денари)   Курс денар/евро   БДП, тековни цени (милиони евра) 
2015-кв3 147141 61.6116 2388.222252
2015-кв4 143420 61.6465 2326.471686
2016-кв1 141406 61.6767 2292.697242
2016-кв2 147438 61.6893 2390.009288
Вкупно 9397.400468
Извор за БДП: Државен завод за статистика на Република Македонија
Извор за курсот: Народна Банка на Република Македонија