.

КАМАТА НА ДОЛГОТ ВО 2016 ГОДИНА


Каматата на долгот во 2016 година е пресметана со аплицирање на просечната каматна стапка на јавниот долг за периодот 2010-2015 на моменталната состојба на долгот. Просечната каматна стапка на долгот од 2010 до 2015 е е пресметана со делење на каматата која е платена на јавниот долг со нивото на долг. Каматата која е платена на долгот е од Министерството за финансии, од Завршните сметки на буџетот на Република Македонија (освен за 2015, кога е Буџетот, бидејќи сè уште нема Завршна сметка).
 Година  Камата (милиони денари) Камата (милиони евра) Јавен долг (милиони евра) Каматна стапка (%)
2010 3177 52 1936.3 2.67
2011 33471 56 2414.9 2.34
2012 4216 69 2908.8 2.36
2013 4605 75 3281.4 2.28
2014 5090 83 3921.3 2.11
2015 6457 105 4227.2 2.48
Просек: 2.37%
Извор: Министерство за финансии на Република Македонија, Завршни сметки за буџетот.